„Генерал Армагедон“ во прво интервју од почетокот на војната во Украина: „Ситуацијата е многу напната“

од Nikola Popovski
238 прегледи

Новиот командант на руските сили во Украина, Сергеј Суровикин, во вторникот призна дека воената ситуација во Украина е „напната“, особено околу окупираниот јужен град Керсон.

„Ситуацијата во областа на „специјалната воена операција“ може да се опише како напната“, рече тој во своето прво ТВ интервју по преземањето на неговата нова функција.

„Непријателот постојано се обидува да ги нападне позициите на руската армија“, рече тој. „Ова најмногу се однесува на Купјанск, Лиман и Миколаев-Криви Рих“.

Суровикин рече дека руската армија се подготвува да го евакуира населението од градот Керсон, главниот град на истоимениот регион анектиран од Русија во јужна Украина, во пресрет на контраофанзивата од Киев. Во меѓувреме веќе е започната евакуација на левиот брег на реките Днепар, пренесува Јутарњи лист.

„Руската армија пред сè ќе гарантира безбедна евакуација на населението“ од Херсон, каде што украинските напади врз цивилната инфраструктура „создаваат директна закана за животите на жителите“, изјави Суровикин за телевизискиот канал „Россија 24“.

Тој нагласи дека ситуацијата во градот е „многу тешка“.

Неговата изјава е ретка прилика кога воената команда на Русија признава дека се соочува со проблеми на бојното поле. Тешко е да се заклучи дали Суровикин навестува повлекување на Русија од Херсон или нов бран воздушни напади, пишува Гардијан.

„Сакаме Украина да биде независна од Западот и НАТО и да биде пријател со Русија. Украина е предводена од криминален режим кој ги води Украинците до смрт. Украинскиот режим се обидува да ја пробие нашата одбрана. За да се постигне ова, сите резервисти се преместени на фронтот. Во основа, тоа се сили за територијална одбрана кои не се целосно обучени. Украинското раководство ги испраќа во смрт. Како и обично, таквите единици се карактеризираат со низок морал. Украинската армија испраќа паравоени единици на бојното поле, кои го убиваат секој што ќе ја напушти линијата на фронтот“, тврди тој.

Слични содржини