Киевскиот економски институт денеска објави дека „загубите на Украина поради вооружената агресија на Руската Федерација надминале 127 милијарди долари“, објави prm.ua.
Конкретно, станбениот фонд е оштетен за 50,5 милијарди долари, а само во периодот од јуни до август Русија предизвикала загуби од над 31 милијарда долари, се додава во извештајот.
„Според последните податоци, оштетени или уништени се 135.800 приватни и станбени објекти. Вкупната површина на оштетени или уништени објекти е 74,1 милиони квадратни метри или 7,3 отсто од станбениот фонд на земјата“, се посочува во извештајот.
На второ место по висината на загубите е различната јавна инфраструктура, а штетата изнесува 35,3 милијарди долари, од кои 26,6 милијарди долари се резултат на директно уништување на патишта, а 4,3 милијарди долари е штетата на железницата.
Забележано е дека штетата предизвикана на образовната инфраструктура на Украина се проценува на 6,95 милијарди долари.
Уништени или оштетени се најмалку 2.449 образовни инфраструктурни објекти, а најголем број уништени образовни институции има во регионите Доњецк, Харков, Луганск и Киев.
Од февруари до септември се оштетени или уништени најмалку 616 административни згради и 978 медицински установи.