На вториот ден од самитот на шефови на држави или влади на ЕУ, главна тема беше помошта за Украина и дискусијата за односите со Кина.
Следната година Европската унија ќе и помага на Украина со една и пол милијарда евра месечно, изјави во петокот претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
– Тоа се вкупно околу 18 милијарди евра стабилен и сигурен приход – изјави фон дер Лајен по завршувањето на самитот на лидерите на ЕУ.
На вториот ден од самитот на шефови на држави или влади на ЕУ, главна тема беше помошта за Украина и дискусијата за односите со Кина.
На Украина следната година ќе и требаат меѓу три и четири милијарди евра месечно, кои ќе бидат финансирани од ЕУ, САД и финансиските институции, додаде претседателот на Комисијата.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европската унија треба да ја разгледа можноста за користење замрзнати руски средства за обнова на Украина.