Прв разговор меѓу Шојгу и Остин по пет месеци: Постоењето на линии на комуникација е неопходно

од Nikola Popovski
187 прегледи

Пентагон денеска одби да даде детали за првиот разговор од мај меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот руски колега Сергеј Шојгу, освен да каже дека Остин ја нагласил потребата од линии на комуникација додека војната во Украина продолжува.

Портпаролката на Пентагон на брифингот изјави дека Остин го иницирал разговорот со Шојгу и рече дека денешниот разговор е најдобрата можност за разговор на двете страни, без да објасни зошто, пренесе Ројтерс.

Таа не кажа дали се договорени нови разговори меѓу двајцата.

Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека Шојгу и Остин во телефонски разговор разговарале за актуелните прашања во врска со меѓународната безбедност, вклучително и за ситуацијата во Украина.

Шојгу и Остин последен пат разговараа на 13 мај.

Фото: Tanjug/AP/Reuters

Слични содржини