Toyota ги преиспитува своите планови за електричните возила?

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Кон крајот на минатата година, Toyota и Lexus претставија 15 електрични возила и најавија дека планираат да воведат 30 од нив до крајот на деценијата. Сепак, новиот извештај на „Ројтерс“ вели дека јапонскиот производител на автомобили е во процес на промена на својот патоказ и го запрел развојот на некои од неговите предложени модели.

Според извештајот, Toyota наводно го прекинала развојот на електричната верзија на Crown и Compact Cruiser. Како што пишува Motor1, не е јасно дали се засегнати и другите модели.

Toyota, наводно, ги преиспитува своите планови за електричните возила, што би можело да го забави воведувањето на нови производи. Сепак, овој потег ќе ја направи Toyota поконкурентна со подобрен производствен процес, намалувајќи ги трошоците. Јапонскиот производител исто така работи со добавувачите за да ги намали трошоците.

Компанијата би можела да развие наследник на својата платформа e-TNGA, да го продолжи животниот век на платформата со нови технологии или да дизајнира нова платформа посветена на електричните возила. Сепак, на новата архитектура ќе и бидат потребни околу пет години за да се создадат нови модели. Како што пренесува „Ројтерс“, оние кои работат на ажурирање на планот имаат рок до почетокот на следната година да ја преоценат „патната карта“.

Слични содржини