Курти: Доколку Србија е вистинска демократија, немаше да биде закана за мирот во регионот

од Nikola Popovski
196 прегледи

Доколку Србија навистина е вистинска демократија, немаше да претставува толку голема закана за мирот во нашиот регион, изјави премиерот на Косово Аљбин Курти на отворањето на Самитот за Западен Балкан во Приштина.

Курти изјави дека „Србија ги затвори очите пред руската агресија“.

„Претседателот на Србија не покажа никаков проблем во врска со потпишувањето на договорот со неговиот руски сојузник“, рече Курти, пренесува Косово онлајн.

Косовскиот премиер пред присутните зборувал за борбата против корупцијата во Косово, каде го споменал и случајот Брезовица.

„Во овој случај беа вмешани судии, бизнисмени, политичари и нивни роднини, каде беа запленети многу згради изградени во областа. Ерата на корупција во државата и нејзината неказнивост е при крај“, рече Курти.

Тој додаде дека демократските реформи помогнаа да се унапреди економскиот напредок во земјата. Премиерот зборуваше и за помошта што Владата на Косово им ја пружи на граѓаните во справувањето со инфлацијата што го зафати светот.

Од друга страна, Курти пред неколку дена беше отворено критикуван од поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Ричард Гренел.

Слични содржини