Финските сеизмолози регистрирале пет подводни експлозии во руските територијални води на Балтичкото Море минатата недела, објави Универзитетскиот институт за сеизмологија во Хелсинки.
„Откривме пет експлозии, од кои најсилната беше 1,8 степени според Рихтеровата скала, а најмалата 1,3 степени“, изјави директорот на Институтот, Тимо Тирас.
Тој ја користел Рихтеровата скала за да го опише интензитетот на експлозиите.
Според него, четири експлозии биле регистрирани во четвртокот на 20 октомври, а една ден подоцна во руските територијални води на Финскиот залив. Тој посочува дека е јасно оти активностите се предизвикани од експлозии, а не од друга сеизмолошка активност.
Институтот нема податоци за причината за експлозиите, но слични движења биле откриени при претходните поморски маневри и расчистувањето на преостанатите мини од морското дно.
Тој додаде дека слични експлозии биле регистрирани и претходно на истото подрачје, но не толку често.