153
Шпанскиот конфекциски гигант Индитекс, сопственик на брендот за облека Зара, синоќа објави дека ќе ги продава своите продавници во Русија, повеќе од седум месеци откако ја прекина работата во таа земја поради руската инвазија на Украина.
„Индитекс го постигна првиот договор со групацијата Дахер за продажба на своите продавници во Русија“, се вели во соопштението и се додава дека Дахер има голем удел во секторите за дистрибуција и недвижности.
Ваквата трансакција ќе доведе до прекин на работењето на Индитекс во Русија по прекинот на активностите на 5-ти март.
Шпанската групација додаде дека некои вработени би можеле да ги задржат своите работни места.
Индитекс има 502 продавници во Русија, од кои 86 се брендови на Зара.