Украинскиот функционер Алексеј Арестович информира дека руските сили се подготвуваат за „најтешката битка“ во стратешки важниот јужен регион Херсон.
„Со Херсон се е јасно. Русите носат резерви и ги зајакнуваат своите сили. Тоа значи дека не планираат да се повлечат. Напротив, најтешката битка ќе се води за Херсон“, изјави вчера Арестович во видеото објавено на социјалната мрежа Телеграм.
Јуриј Соболевски, регионален заменик на Украина за Херсон, порача дека властите назначени од Москва вршат зголемен притисок врз жителите на градот да се евакуираат.
Руските власти претходно ги повикаа жителите на Херсонската област да се евакуираат и најавија дека Украина планира офанзива против регионот.
Од четирите региони кои ја објавија својата анексија со Русија во септември, Херсон е веројатно стратегиски најважен.
Го поврзува единствениот копнен пат до полуостровот Крим, кој беше припоен од Русија во 2014 година, и устието на реката Днепар.