190
Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, денеска усвои нацрт-закон со кој се забранува пропаганда на нетрадиционални сексуални односи во медиумите, на Интернет, во книги, филмови и реклами, пренесува ТАСС.
Законот беше поддржан од околу 400 пратеници, меѓу кои и претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.
Оваа регулатива забранува пропаганда на нетрадиционални односи, педофилија и прикажување на информации за ЛГБТ, како и информации кои поттикнуваат промена на полот кај тинејџерите, во сите медиуми.