Досега, САД не виделе никакви индикации дека воената вежба Гром на руските нуклеарни сили би можела да биде фронт за вистинско распоредување на нуклеарен арсенал, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
„Не видовме ништо што би нè навело да веруваме во овој момент дека има некаков вид на тајни активности“, им рече Остин на новинарите во Вашингтон, пренесе Ројтерс.