264
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска ќе ја посети Босна и Херцеговина во рамки на регионалната турнеја низ Западен Балкан, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Посетата е во контекст на неодамнешната препорака на Европската комисија Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус со цел да се нагласи пораката дека иднината на земјата е во Европската унија.
Таа ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, ќе се обрати пред претставниците на политичкиот живот, граѓанското општество, културата и бизнис заедницата и свечено ќе го отвори тунелот Иван на Коридорот 5-c.