Volkswagen Golf GTI 40th Anniversary Edition

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Volkswagen of America слави четири децении откако тогашниот Rabbit GTI излезе во продажба на американскиот пазар.

Затоа е подготвено специјално издание базирано на актуелниот Golf GTI, кое може да се добие и со две ексклузивни бои: Tornado Red и Urano Grey. Покрај горенаведеното, во понудата се и боите Pomelo Yellow Metallic и Opal White Pearl.

Сите се со 19-инчни алуминиумски тркала со сјајна црна завршница, гуми 235/35, странична графика со саќе шема и налепници „40“, црн покрив и капачиња на ретровизорите во контраст со главната боја на каросеријата.

Седиштата со Scalepaper Plaid ткаенина и логото „40“ на воланот се дел од пакетот.

Нема механички промени, па автомобилот го придвижува 2,0-литарски бензински турбо мотор со 241 КС. Исто така, адаптивните амортизери и електронската блокада на диференцијалот се стандардни.

Volkswagen планира серија од само 1.500 автомобили и таа бројка да се подели приближно рамномерно помеѓу верзии на шест-брзински мануелен и седум-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Цените започнуваат од 33.055 долари за Golf GTI 40th Anniversary Edition со рачен менувач или 33.855 долари со автоматски.