Cadillac Escalade Limo за 220.000 долари

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Ако Cadillac Escalade ESV не е доволно простран за нечии потреби, тогаш решението може да биде неговата донекаде бизарна седан верзија.

Станува збор за исклучително долг теренец произведен од компанијата Pinnacle Limousine Manufacturing, која е специјализирана за продолжување на најдобрите автомобили во светот. Примерот на фотографиите е продолжен за дополнителни 200 инчи (508 см), што е малку бизарно затоа што Escalade бил долга 538,2 см пред модификациите.

Лимузината е обоена во бисерно бело, и има многу хром, вклучувајќи ги и бандажите. Внатрешноста е посебна приказна, целосно е променета и доби седишта обложени со кожа, идеални за поголеми групи луѓе. Опремен е со драматично амбиентално чувство и е доволно „жив“ за да им парира на најдобрите ноќни клубови. Има ТВ екрани, фантастично озвучување и станица за правење различни пијалоци.

Возачот е одвоен од остатокот од седанот, но и тој е сместен во луксузна кабина покриена со кожа и украсена со дрво. Седанот има врати во стилот на Tesla кои овозможуваат полесен влез. Под хаубата се наоѓа стандарден 6,2-литарски V8 мотор кој развива 420 КС и 624 Nm вртежен момент.

Лимузината поминала помалку од 2.000 километри и се продава за 220.000 долари.