„ВРАТИ СЕ НАЗАД ВО АФРИКА“: Расизам во францускиот парламент (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
121 прегледи

Долниот дом на францускиот парламент ја прекина работата откако екстремно десничарскиот пратеник на Националното собрание Грегоар де Фурнас му рекол „Врати се во Африка!“ на неговиот колега со темна боја на кожата Карлос Мартенс Билонг.

Ваквиот срамен коментар предизвикал бура од негодување.

Пратениците од екстремната десница тврдат дека Де Фурнас не му се обратил на колегата Билонг ​​туку на мигрантите кои се блокирани на бродовите на невладините организации во Средоземното Море.

„Нема место за расизам во нашата демократија. Парламентот утре ќе одржи седница и ќе донесе одлука за неопходните мерки“, изјавила француската премиерка Елизабет Борн.

Слични содржини