Одземена лиценцата за работа на старскиот дом во кој негувателки тепаа и малтретираа старица

од Nikola Popovski
224 прегледи

По вознемирувачкото видео од старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, Министерството за финансии на Косово денеска соопшти дека на споменатиот дом за стари лица му е одземена лиценцата. Според нив, била спроведена истрага, а вработените биле сослушани.

– Одделението за инспекција на социјалната служба изврши непосреден увид на лице место, како и сослушување на персоналот и сведоците на центарот. Заклучокот од извештајот од инспекцискиот надзор денеска е доставен до Комисијата за лиценцирање, која одржа итна седница на која беше донесена одлука за одземање на лиценцата за давање социјални услуги на субјектот „Оренда“. Согласно решението на Комисијата, предметниот субјект е должен во рок од 24 часа да ги извести семејствата на станарите, а до 7 ноември да ја достави лиценцата и да ја затвори дејноста за давање услуги од социјална заштита – беше објави.

Да потсетиме, случајот кој го потресе регионот се случи во овој објект кога медицинска сестра малтретираше старица и ѝ удираше шлаканици. Ќерката на старица која била физички малтретирана изјавила дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка, пренесува ТВ „Дукаѓини“. Ќерката на злоставуваната жена вели дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да се задоволи правдата.

Медицинската сестра Аурона Пељај во полиција изјавила дека се „бранела“ од 70-годишната жена, иако на видеото се гледало дека старицата немала доволно сили да се одбрани од Пељај, кој ја удира со тупаница во лицето и стомакот. Во долгиот текст што го објави косовскиот портал „Сињали“, се наведува дека Пељај го оправдува своето однесување со тврдењето дека „таа (старата жена) ја нападнала прва“ затоа што била агресивна.

Слични содржини