Пољански: ОН ѝ ветија на Русија дека ќе бидат укинати извозните ограничувања

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Обединетите нации ѝ ветија на Русија дека наскоро ќе можат да постигнат укинување на ограничувањата за извоз на руски прехранбени производи, во согласност со договорот за жито, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански.

Тој за весникот „Известија“ изјави дека Москва ги потсетува ОН дека имаат време да ги исполнат своите обврски до 18 ноември, кога истекува договорот за извоз на жито од украинските пристаништа.

Пољански изјави дека, при одлучувањето за продолжување на договорот, Москва ќе ја процени ефективноста од спроведувањето на рускиот дел од договорот и напорите на ОН.

Слични содржини