Доаѓаат Audi Q8 e-tron и Q8 Sportback e-tron

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Audi се подготвува да ја промовира ажурираната верзија на електричниот модел e-tron, при што овој кросовер ќе биде преименуван во Q8 e-tron за да ја направи појасна својата позиција во гамата на Audi.

Како најава служи нова тизер слика и потврда дека премиерата ќе се одржи на 9 ноември.

Во понудата ќе бидат верзиите Q8 e-tron и Q8 Sportback e-tron, кои ќе добијат нова и попрепознатлива саќе маска. Тука се и префинетите светла, кои според најавите имаат „нови иновации во осветлувањето“, како нов преден браник, модифициран заден браник и дифузор, како и модифицирани задни светла.

Извештаите, исто така, сугерираат дека кросоверот би можел да биде опремен со поефикасни мотори и надграден пакет батерии. Ова би можело да го зголеми досегот на приближно 600 km во циклусот WLTP, што би било значително зголемување во однос на сегашниот опсег од 440 km.