Филипче со специјализантки изврши операција на тежок случај на парализа кај 40-годишна пациентка

од Nikola Popovski
481 прегледи

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче информира дека денеска бил дел од тим која извршил операција на тежок случај на парализа кај 40 годишна пациентка.

-Денеска на Клиниката за неврохирургија, неколку часа во операциона сала, поминав со д-р Марина од Тетово и д-р Катерина од Битола, специјализантки на неврохирургија. Моите млади колешки се надеж за успешна работа и напредок на Неврохирургија, а наша должност е да се вложиме максимално за специјализантите да добијат соодветно знаење и потребно искуство. На пациентката и посакувам побрзо опоравување. На младите колешки им посакувам да продолжат да работат со голем ентузијазам, објави Филипче на социјалните мрежи.

Слични содржини