Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но нивните власти не можат да го „изгаснат пожарот во сопствениот дом“, пренесува руската агенција ТАСС.
„Германија, цела Европа – сега нема лидер. Но, и да ги има… не можат ни да изгаснат пожар во сопствената куќа“, рекол Лукашенко, а пренесува агенцијата БелТА.
„Европејците не ја сакаат оваа војна. Тие доволно добро разбираат што се случува во Украина денес. Овде во Белорусија исто така се обидуваат да подметнат пожар. Утре цела Европа ќе биде во пламен“, рече Лукашенко. Тој смета дека Европејците мора да стават крај на конфронтацијата која веќе резултираше со конфликт на територијата на Украина.
„Европските лидери се лудаци“
Лукашенко ги опиша европските лидери како лудаци кои, не можејќи да му кажат не на Вашингтон, го разгоруваат пламенот во регионот.
„Дали оние кои им дозволија на Американците да донесат дополнително нуклеарно оружје таму (во Европа) се вистински лидери? Тие се лудаци“, рече тој. Лукашенко ја коментираше улогата на САД во војната.
„Единственото нешто од што се плашат Американците е нуклеарното оружје. И ако не се користи нуклеарно оружје, тогаш тие ќе се борат со конвенционално оружје. Каде? Тие ќе се борат овде. Ние ќе бидеме тука, во овој хаос. Украина веќе гори“, рече тој.
Белорускиот лидер настаните во Украина ги нарече катастрофа, додавајќи дека „нема земја во советската ера која добила толку големи странски инвестиции како Украина“.