Во предлог Буџетот за 2023 година за зголемување на плати е предвидено само 27 милиони евра, а за надоместоци ништо. Од друга страна Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија во емисијата „24 Отворено“ на Тв 24 изјави дека работниците ги интересираат платите и надоместоците.
– Во претходниот буџет имаше најавено зголемување од 5%, а во оваа проекција на се гледаме. Овие 27 милиони евра се за да порасне мининалната плата и единствени предвидени сретства имаме во министерството за финансии, а во другите сектори го нема. Кои се критериумите во здравство да има 5%, а во финансии од 30% покачување? Во 2015 имавме 20 000 работници кои земаа мининална плата, а сега имаме 110 000 работници, истакна Димовски.
Владанка Трајковска од Организацијата на работодавачи во истата емисија рече дека многу порано имале информација дека ќе има енергетска криза уште пред војната во Украина. Организацијата направи истражување меѓу компаниите кои се на слободниот пазар и се најзасегнати и тие се борат со ситуацијата.
– Самитре наоѓаат решенија. Повеќе од 180 компании аплицираат за фотоволтаици во системот. Тие компании директно делуваат на социјалната катергорија и во креирањето на буџетот. Мора владата за помогне на големите компании зошто тие се носители на економијата во државата и создаваат работа за помалите компании и имаат најголем број на вработени. 3% од тие компаниии го прекинале производниот процес и ако нема мерки, таа бројка ќе се зголеми, вели Трајковска.