За 260.000 евра се продава село во близина на градот Замора во северозападна Шпанија, кое има 44 куќи, црква, училиште, хотел, бар, па дури и поранешна касарна на жандармеријата. Проблемот со празните села во Шпанија е зголемен во последните години, а не е невообичаено да се видат огласи за продажба на десетици куќи, но и цели села.
Веб-страницата „Идеалиста“, која обезбедува услуги за недвижнини, објави дека селото Салто во близина на Замора, во близина на границата со Португалија, е ставено на продажба.
Во селото има 44 куќи, црква, училиште, хотел, кафеана, стар базен, спортски комплекс, па дури и стара касарна на жандармеријата. Како што е наведено во огласот, селото станало напуштено поради преселувањето на неговите жители во градските средини.
Од агенцијата за недвижности, која ги застапува сопствениците на имот во селото, велат дека неколку стотици луѓе веќе го погледнале огласот за селото, кој се продава за 260.000 евра. Како што истакнаа, добиле многу повици, а особено заинтересирани за купување на селото се Шпанци, Португалци и Англичани.
Во близина на селото има природен парк кој е изграден во 1950-тите поради старата хидроцентрала, а бројот на жители постепено се намалува по затворањето на централата во 1989 година.
Електраната била продадена на инвеститор на почетокот на 2000-тите за изградба на туристички комплекс, но проектот никогаш не беше реализиран.