Гласачите во американската сојузна држава Мичиген го изгласаа правото на абортус да биде загарантирано со државниот устав, приклучувајќи им се на Калифорнија и Вермонт, кои претходно се одлучија на тој чекор.
Поддржувачите на правата на абортусот во Мичиген собраа повеќе потписи од која било претходна иницијатива за гласање во историјата на државата пред прашањето да излезе пред гласачите, објави АП.
Ова стави крај на забраната за абортус од 1931 година.