168
Околу 80.000 цивили се евакуирани од областа Херсон поради безбедносни причини, изјави денеска за агенцијата ТАСС Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната администрација на регионот.
„Многумина си заминаа. Околу 80.000 луѓе се евакуирани. Им помагаме на сите што сакаат да го напуштат Херсон. Сега сум и јас во Херсон“, рече Стремусов.
„Неонацистичките Украинци се обидоа да ја пробијат одбраната кај Снигирјовка, но не успеаја. Неонацистичките сили претрпеа големи загуби“, напиша Стремусов на Телеграм.