Зеленски: Околу четири милиони украинци се без електрична енергија

од Destan Jonuzi
283 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека поради руските напади врз енергетскиот систем околу четири милиони луѓе останале без електрична енергија.

Според Зеленски 14 региони и Kиев се без електрична енергија. Украинскиот енергетски оператор „УКРЕНЕРГО“ соопшти дека најавеното исклучување на струјата ќе биде спроведено на целата територија на земјата.

Се претпоставува дека недостигот на електрична енергија и греење ќе предизвика нов бегалски бран кон европските земји. Околу 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина, а Словачка и Унгарија се подготвуваат за нов бегалски бран во следните месеци.

Слични содржини