Toyota објави тизери на кои се гледа контурите на новиот модел придружени со фразата „Hybrid Reborn“.
Електричниот модел ќе дебитира на 16 ноември, а бидејќи каросеријата со пет врати изгледа како еволуција на Prius, според некои ова може да биде следната генерација на Prius.
Сите четири генерации на Prius имаа дизајн кој се фокусираше на аеродинамиката, бидејќи малата отпорност ја подобрува ефикасноста. Новиот модел ги задржува и изразените задни раменици на претходниот Prius, но со помеки линии и почиста површина.
Судејќи според шестгодишните моделски циклуси од претходните четири генерации, време е за дебито на петтата генерација. Јапонскиот производител претходно потврди дека новиот Prius ќе ја задржи својата хибридна природа, но навестува „нова насока“.
Новиот Prius наводно ќе се базира на новата платформа E3, која комбинира делови од платформата GA-C и електричната bZ архитектура. Некои извештаи наведуваат дека покрај конвенционалниот хибрид кој комбинира бензин и електричен мотор, новиот Prius би можел да добие и водородно-електрична варијанта, иако нема да биде достапен при лансирањето.
Во секој случај, повеќе детали за новиот хибрид на Toyota ќе следат следната недела.