АА побара оставка од Спасовски поради пасошот на поранешниот украинскиот политичар

од Destan Jonuzi
170 прегледи

Алијанса за Албанците на денешната прес-конференција во Собранието побара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради тоа што МВР издало пасош на Алскеандар Онишченко кој е баран од Украина, а се наоѓа на листата на санкции на САД.

„Ова е голем скандал со меѓународни последици, директно поткопувајќи го режимот на санкции на САД и надворешната политика на ЕУ. Оваа одлука, исто така, му штети на нашиот пат кон членство во ЕУ, бидејќи пораката е дека Северна Македонија се користи од криминалци барани од други земји за да се заобиколат напорите на нашите сојузници да ги изолираат олигарсите на Путин во услови на руска агресија врз Украина. Освен тоа, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на ЕУ не значи ништо доколку Владата донесе такви одлуки кои директно ги поткопуваат санкциите на нашите сојузници“, рече Халил Снопче од АА.

Слични содржини