„Студентски отпор“: Владата да не се откаже од субвенционираниот оброк за студентите

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Револтираните студенти од „Студентски отпор“, бараат сите студенти во Македонија да бидат иземени од мерките за штедење, како и повлекување на законските измени со кои се предвидува поскапување на оброкот во студентските мензи од 120 на 150 денари.

„Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард“, порачуваат од „Студентски отпор“.

Оттаму бараат Владата да не се откаже од субвенционираниот оброк за студентите, како и да се подобрат условите во студентските домови.

Слични содржини