Афера „Паразити“: Директорот на М-НАВ со плата од 345.000 денари

од Nikola Popovski
310 прегледи

Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од 4 години 16.560.000 денари, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи информации за т.н. афера „Паразити“.

Според партијата, „ништо поразлично не е ниту членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 266.000 денари месечно“.

-За четири години Крстевски од државата ќе земе 12.768.000 денари на име плата. Овие двајца функционери именувани од владата за еден свој мандат во М НАВ заедно ќе наплатат половина милион евра само за плата. Двајцата директори во М НАВ ја чинат државата еден голем булевар, или само со парите за нивни плати за 4 години може да се купат 8 амбулантни возила или 3 противпожарни возила, додадоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини