Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара од кинескиот претседател Си Џинпинг да се обиде да го убеди рускиот претседател Владимир Путин „да се врати на преговарачката маса“, соопшти Елисејската палата по разговорот меѓу Макрон и Си на маргините на самитот на Г-20 на Бали.
Макрон побара „Кина да придонесе… да му пренесе пораки на претседателот Путин за да се избегне ескалација и сериозно да се врати на преговарачката маса“, се вели во изјавата на француското претседателство, пренесена од BFMTV.
Претседателите на Франција и Кина на билатерална средба ја потврдија својата цврста позиција за спречување на можна употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата објавено на веб-страницата на претседателството.