Општина Гостивар: Ноември – месец за заштита на здравјето на учениците

од Destan Jonuzi
127 прегледи

Гостиварската локалната самоуправа организираше трибина за сензибилизација и подигање на свеста кај младите на тема: „Негативни ефекти врз менталното и физичкото здравје од прекумерната употреба на технолошките алатки и социјалните мрежи“.

На почетокот од трибината која се одржа во салата на средното техничко училиште ОСТУ Гостивар, раководителката на секторот Секторот за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар напомена дека настанот е дел од активностите кои се спроведуваат во ноември како месец посветен на детската заштита во општината.

Според психологот, проф. д-р. Муса Мусаи, дека со младите треба да се работи и да им се укажувана на користење на модерната технологија.

– Ако нема злоупотреба, има придобивки дури и од користењето на социјалните мрежи. Затоа сите кои се вклучени во наставниот процес треба да влијаат да не се користат мобилните телефони за време на часовите, бидејќи го дефокусираат ученикот, рече Мусаи.

Обраќање имаше и Ваљбон Лимани, лекар по професија и претседател на Советот во општина Гостивар, во кое нагласи дека поради зависноста од технологијата денес учениците боледуваат од болеста обезитет, која поизразена кај средношколците.

На трибината, покрај претставници на општинската власт учестуваа, ученици, наставници и директори на средни училишта.

Слични содржини