299
Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски викендов за прв пат станал дедо, откако неговиот син Љупчо добил син. Како што пишуваат медиумите, внукот наводно ќе го носи името на дедото – Бранко.
Освен синот Љупчо, Бранко и неговата сопруга Јасна ја имаат и ќерката Марија. Љупчо, како и неговиот татко Бранко, не користи социјални мрежи и ретко се појавува во јавноста.