127
Американскиот Пентагон соопшти дека не може да ги потврди информациите дека два руски проектили летале во Полска и убиле две лица, пренесува Ројтерс.
„Свесни сме за извештаите во медиумите дека два руски проектили погодиле локација во Полска во близина на украинската граница. Можам да ви кажам дека во овој момент немаме никакви информации што би ги потврдиле тие извештаи и дека дополнително го истражуваме“, рече портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
Да потсетиме, новинар на АП напиша дека висок американски функционер потврдил дека руски ракети ја преминале границата и влегле во Полска.
Удриле во магацин за жито, а две лица загинале, јавуваат полските медиуми.