Терминот „говор на омраза“ е опфатен во два кластера и споменат дури 18 пати во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија во евроинтегративниот процес за 2022 година. Со тоа, Европската Комисија го издвои говорот на омраза како особено актуелна тема, за која се формулирани неколку препораки.
Она што е карактеристика на овие укажувања е сеопфатниот, холистички пристап кон овој феномен, па оттаму доаѓаат и укажувањата дека борбата против говорот на омраза треба да добие институционален и системски одговор како трајно и одржливо решение. Во таа насока се и укажувањата дека Министерството за труд и социјална политика треба да продолжи да инвестира во услуги за заедницата, каде што спаѓа и поддршка за жртвите на говорот на омраза кои се меѓу најранливите категории граѓани.
Во кластерот Фундаментални права во Извештајот како особено важна е потенцирана насоката да се спроведуваат сите одредби од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
Иако извештајот нотира постојано подобрување во однос на родовата интеграција и почитувањето на правата на жените, мониторингот на ЕУ го имплицира говорот на омраза кон девојките и жените со една од централните препораки да се подобри спроведувањето на законодавството за говор на омраза и на националниот акциски план за спроведување на одредбите од Истанбулската конвенција.
Целата колумна на следниот линк!