Руската економија официјално влезе во рецесија

од Nikola Popovski
232 прегледи

Русија официјално влезе во рецесија откако нејзиниот бруто домашен производ (БДП) падна за 4 отсто во третиот квартал од оваа година.

Ова е првичната проценка која денеска ја објави статистичката агенција „Росстат“.

Трендот, по веќе негативниот резултат на БДП во вториот квартал (-4,1%), во голема мера е под влијание на ефектите од строгите санкции на Западот по воената интервенција на Кремљ во Украина.