Зеленски: Продолжен договорот за извоз на жито за 120 дена

од Stefanija Kuzmanovska
104 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска најави дека иницијативата за извоз на жито од Црното Море ќе биде продолжена за уште 120 дена.

„Договорот за жито ќе биде продолжен за 120 дена. Украина, заедно со Гутереш и Ердоган, донесе клучна одлука во глобалната борба против кризата со храна“, напиша Зеленски во објавата.

Зеленски во објава на социјалната мрежа Твитер нагласи дека договорот е потпишан благодарение на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Гутереш: Го поздравувам продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска го поздрави продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито за олеснување на извозот на украинските земјоделски производи.

„Го поздравувам договорот на сите страни за продолжување на иницијативата за жито за олеснување на безбедниот извоз на прехранбени производи и ѓубрива од Украина“, изјави Гутереш, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини