Секој од нас да придонесе и да одработи чесно и посветено во следните години за брзо завршување на преговорите со ЕУ. Да се фокусираме на продуктивноста и да не губиме време на чекање, блокади или кочници, туку со поддршка и придонес, сите како генерација да направиме се за во 2030 година да станеме членка на Унијата, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот Николовски кој се обрати на панелот за Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија”, рече дека Северна Македонија нема друга алтерантива.
-Северна Македонија нема друга алтерантива освен оваа прогресивна визија и обединување на сите, заедно. Секој од нас да придонесе и да одработи чесно и посветено во следните години за брзо завршување на преговорите. Да се фокусираме на продуктивноста и да не губиме време на чекање, блокади или кочници, туку со поддршка и придонес, ние како генерација да направиме се во 2030 да станеме членка на Унијата, нагласи Николовски.
Со тоа, како што посочи тој, заедно да ја обезбедиме иднината на младите, да оставиме функционален и подобрен систем, каде секој млад човек има еднакви шанси, услови за квалитетен живот во општеството каде нема привилегирани, нема неказнивост, каде законите еднакво важат за секого и каде се ќе зависи од квалитетот и стручноста.
-Само така ќе го запреме иселувањето и ќе ги задржиме младите тука и дома. Само т ака, сите ние ќе имаме иднина за почит и ќе оставиме наследство со кое некои идни генерации ќе се гордеат и ќе ги уживаат сите придобивки од она што ние го правиме денес, нагласи министерот Николовски.