Димитриевски: Имплементацијата на современи технологии ќе остане приоритет на Куманово

од Destan Jonuzi
132 прегледи

Куманово ќе ги следи добрите практики на европските градови за користење паметни технологии, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски на денешниот форум „EU-Western Balkans: Smart Cities Economic Forum“ што се одржува во Прага.

Димитриевски заедно со градоначалниците на Град Скопје, општините Штип, Тетово, Битола, Струмица и Берово учествува на форумот на покана на Амбасадата на Република Чешка.

-Со имплементација на современи технологии во ЈП „Водовод“ обезбедивме поефикасно работење на претпријатието. Со имплементација на модерно ЛЕД осветлување со Смарт систем Општина Куманово доби квалитетно осветлување со кое овозможивме подобар квалитет на светлина, модерен начин на управување и следење на дефекти и направени се значителни заштеди во потрошувачката, што се покажа од витално значење во условите на енергетска криза. На веб-страницата на Општината достапни се линкови до ГИС – Географски информациски систем, мерни станици за квалитет на воздух, Е-Совет, Е-наплата во ЈП „Чистота и зеленило“, во ЈП „Водовод“, во градинка „Ангел Шајче“, во ЈОУ „Зафир Сајто“ и други услуги, со тенденција за нивно подобрување, проширување и унапредување, потенцира Димитриевски.

Фокусот на форумот е ставен на развој и имплементација на концептот на паметни градови, дигитализација и зелена агенда, како и позитивни примери, искуствата и „know-how“ на градовите од ЕУ во примена на овој концепт, неговата важност и улога во идниот развој на општините и директниот бенефит кој го има за граѓаните.

Слични содржини