142
Најмалку 14 лица се повредени утринава во две експлозии, кои одекнале со разлика од 30 минути на две автобуски постојки во близина на влезот во Ерусалим, соопштија полицијата и здравствените власти.
Според полицијата, се сомнева дека се работи за напад на Палестинци, пренесува „Ројтерс“.
Првата експлозија се случи во близина на главниот влез во Ерусалим нешто по седум часот наутро по локално време.