Иран тврди дека има докази за вмешаност на Западот во протестите

од Stefanija Kuzmanovska
118 прегледи

Иранското министерство за надворешни работи тврди дека има докази дека западните земји биле вмешани во протестите што ја зафатија земјата.

„Имаме конкретни информации кои докажуваат дека Соединетите Американски Држави, западните земји и некои американски сојузници имале улога во протестите“, изјави портпаролот на министерството Насер Канани, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на „Танјуг“.

Протестите ширум Иран почнаа по смртта на Махса Амини (22) во притвор, која беше уапсена од „полицијата за морал“. Властите ги обвинија „странските непријатели“ и нивните агенти за организирање на немирите.

Агенцијата за човекови права „Храна“ соопшти дека од почетокот на немирите биле убиени 450 демонстранти, меѓу кои 63 деца. Исто така, како што додава агенцијата, убиени се 60 припадници на безбедносните сили, а уапсени се 18.173 лица.

Слични содржини