Пентагон: Нуклеарниот арсенал на Кина ќе се зголеми тројно до 2035 година

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Кинескиот нуклеарен арсенал е на пат да се зголеми тројно до 2035 година и да достигне 1.500 нуклеарни боеви глави, се вели во извештајот на Пентагон објавен денеска.

Вашингтон смета дека Пекинг е „голем воен предизвик“ за САД, додека кинескиот воен извештај го нагласува зголемувањето на нуклеарните и конвенционалните сили.

„Американското Министерство за одбрана проценува дека залихите на оперативни нуклеарни боеви глави (на Кина) надминале 400. Ако Кина продолжи да ги зголемува своите нуклеарни резерви со оваа брзина, најверојатно ќе има залихи од околу 1.500 боеви глави“ до 2035 година, според Пентагон извештај.

Сепак, кинескиот арсенал е сè уште далеку зад американскиот и рускиот, бидејќи САД и Русија поседуваат по неколку илјади нуклеарни боеви глави.

Слични содржини