186
На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.А.(51) од Кичево. Тој се сомничи дека физички ја нападнал и со огнено оружје се заканувал на неговата пријателка И.К.Т.(22) од Романија.
Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 милиметри и 155 куршуми за пиштол, калибар 15 милиметри.
Тој бил приведен во полициска станица, а за настанот бил известен Центарот за социјални работи Кичево, од чија страна се преземени мерки за згрижување на жртвата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.