Невработеноста во ЕУ и еврозоната благо намалена во октомври

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Невработеноста во Европската унија и во еврозоната благо се намали во октомври, покажа извештајот на Евростат.

На ниво на ЕУ, стапката на невработеност, мерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во октомври изнесуваше 6,0 отсто, што се лизна од ревидираните 6,1 отсто во септември, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба, пренесува „Хина“.

Во еврозоната падна од 6,6 на 6,5 отсто, покажуваат табелите на Евростат.

За споредба, во октомври минатата година невработеноста во ЕУ достигна 6,6 отсто, а во еврозоната 7,3 отсто.

Евростат проценува дека во октомври во ЕУ биле невработени 12,95 милиони граѓани, од кои 10,87 милиони во еврозоната.

На годишно ниво, бројот на невработени во ЕУ е намален за 1,158 милиони, а во еврозоната за 1,053 милиони.

Шпанија и Грција и натаму се единствените кои забележаа двоцифрена стапка на невработеност, која во октомври изнесуваше 12,5 отсто, односно 11,6 отсто.

Слични содржини