„Зелен хуман град” бара да се стопира проширување на улицата „Васко Карангелски” во Аеродром

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град” попладнево одржа протест во знак на револт од најавеното проширување на улицата „Васко Карангелески” во Општина Аеродром. Оттаму нагласија дека не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени.

– Бараме од Град Скопје итно да го стопира проширувањето на улицата „Васко Карангелески”. Не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени на булевар со четири ленти. Не е прифатливо да се изгуби огромен појас на зеленило каде што локалците наместо да се движат по зелена патека ќе треба да се движат по асфалт со издувни гасови од густ сообраќај. Не е прифатливо да се пресадуваат дрвја кои имаат многу мали шанси да преживеат, потенцираа од „Зелен хуман град”.

Слични содржини