Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата поврзана со нуклеарната енергија во Украина.
Макрон рече дека ќе разговара со Путин по разговорите со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не е прецизиран датумот на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател и неговиот француски колега.
– Не е утврден прецизниот датум – изјави Песков за „Спутник“.