172
Северна Кореја денеска истрела околу 130 артилериски гранати во морето кај своите источен и западен брег, соопшти војската на Јужна Кореја.
Некои од гранатите, наводно, паднале во тампон зоната во близина на морската граница, што според Сеул е кршење на меѓукорејскиот договор од 2018 година осмислен да ги намали тензиите, објави „Ројтерс“.
Се наведува дека јужнокорејската војска испратила неколку предупредувачки пораки до Северна Кореја.