165
Повеќе од 17.000 цивили, вклучително и над 400 деца, ги загубија животите во Украина од февруари, соопшти координаторот на ОН за вонредна помош, Мартин Грифитс.
Повикувајќи се на податоци од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Грифитс рече дека од 24 февруари, на почетокот на рускиот напад врз Украина, убиени се 17.023 цивили, меѓу кои 419 деца, пренесе ТАСС.
„Сепак, знаеме дека реалниот број на жртви е далеку поголем“, наведе Грифитс.