159
Руската амбасада во Германија соопшти дека не е информирана дека меѓу осомничените за планирање државен удар во Германија има и руска државјанка.
Како што соопштија од амбасадата, руската страна ќе побара од германското обвинителство да ги разјасни информациите за руската државјанка.
Да потсетиме, во Германија беа приведени 25 лица, кои се осомничени дека биле членови на терористичка организација или дека ја поддржувале, а кои, како што се претпоставува, планирале да извршат државен удар со упад во Бундестагот.