Според потпретседателот на Кинеската национална нафтена корпорација (CNPC), Хуанг Јонгжанг, извозот на руска нафта во Кина преку гасоводот Источен Сибир-Тихи Океан (ESPO) бил стабилен помеѓу јануари и октомври во споредба со истиот период во 2021 година.
Русија преку гасовод во Кина испратила 33,26 милиони тони нафта во првите десет месеци од оваа година, изјави Хуанг на руско-кинескиот енергетски форум, пренесе ТАСС.
Додека испораката на нафта преку гасоводот беше во основа непроменета оваа година, Кина значително го зголеми увозот на руска нафта преку море, бидејќи Пекинг и Индија сега се појавија како најголеми купувачи на руска нафта по руската инвазија на Украина.
Во пресрет на забраната на Г7-ЕУ и ограничувањето на цената на руската нафта, некои кинески купувачи се двоумеа да купат руски товари додека чекаа детали за тоа како ќе се имплементира ограничувањето на цената. Сепак, и Кина и Индија сега бараат огромни попусти за руската нафта што тие се подготвени да ја купат, напиша нафтениот стратег на Blomberg, Џулијан Ли.
Во моментов, Кина и Индија сочинуваат околу две третини од рускиот извоз на сурова нафта преку море, а азиските купувачи ја користат преговарачката моќ што ја имаат во однос на Русија, забележува Ли.
Водечката руска сурова нафта тип „урал“ се тргува по цена од 52 долари за барел, што е попуст од 33,28 долари во однос на типот „брент“.
Ова се споредува со просечниот попуст на „урал“ кон „брент“ за 2021 година од 2,85 долари. Големиот попуст го чини Кремљ околу четири милијарди долари изгубени приходи секој месец.