145
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет.
„Русија сега се обидува да го ‘замрзне’ конфликтот, пред да започне поголема офанзива напролет“, рече Столтенберг преку видео врска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник „Фајненшл тајмс“.
Столтенберг наведе дека сојузниците од НАТО мора да продолжат да испраќаат помош за Украина, бидејќи конфликтот, кој се очекува да влезе во помирна фаза во текот на зимата, ќе продолжи и во текот на пролетта, пренесува „Фајненшл тајмс“.